Станислав Черчесов ќе остане на селекторската функција во Русија и во наредните четири години. Фудбалската федерација му понуди нов договор со кој Черчесов ќе ја води „зборнаја“ во циклусот за ЕП 2020, а доколку двете страни се задоволни од соработката, автоматски ќе биде продолжена и во циклусот за СП 2022.
Руската фудбалска селекција под водство на 54 – годишниот стратег стигна до четвртфиналето на Мундијалот, а беше елиминирана од Хрватска по изведување пенали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА