Фудбалската репрезентација на Русија стигна до четвртфиналето на Светското првенство и тоа е успех кој реално никој не го очекуваше од „зборнаја“. Но, и на овој Мундијал се појавија шпекулации дека Русите сепак користеле ’допинг’. Тие беа видени како вдишуваат амонијак пред натпреварите, иако тоа официјално не е забранета супстанца во спортот. Сепак, наоучно е докажано дека амонијакот ги шири дишните патишта.
Селекторот на Русија, Станислав Черчесов прекина интервју со германскиот весник „Шпигел“, откако доби прашање за евентуалниот допинг на рускиот фудбалски состав.
„Прашајте ме за работи што се фактички докажани, и јас ќе ви одговорам. Сега заминувам“, им одговорил Черчесов на германските новинари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА