Черезо: Ќе барам ВАР ако Гризман не ја добие „Златната топка“

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Черезо, има причина за задоволство откако тројца фудбалери на овој клуб стигнаа до светската круна, Антоан Гризман и Лукас Хернандез како „староседелци“, како и новото засилување од Монако, Томас Лемар.

Првиот човек на „јорганџиите“ е особено горд на изданијата на Антоан Гризман, кој по титулата во Лигата на Европа се закити со најзначајниот можен пехар, што според Черезо е доволно за овој ас на крајот од годинава да дојде и до најголемото можно индивидуално признание – „Златната топка“.

„Среќни сме, имаме три шампиони. Мило ми е за тројцата, но најмногу за Гризман, кој играше фантастично цел Мундијал. Ако не му ја дадат „Златната топка“ за 2018, дефинитивно ќе барам ВАР бидејќи никој не ја заслужува повеќе од Гризман“ – истакна Черезо.

Се вчитува...