Червар: Лазаров е најдобриот ракометар кој сум го тренирал во кариерата

Пред денешната пресметка со Македонија во 3. коло на Светското првенство 2019 во Германија и во Данска, хрватскиот селектор Лино Червар не ги штеди пофалните зборови за македонската репрезентација.

Червар, очекувано, посебно го потенцира капитенот Кирил Лазаров….

„Кога Македонија го има Кире Лазаров сосема ви е јасно за каква селекција станува збор. Кире е можеби најдобриот ракометар кој сум го тренирал во својата кариера. Па, погледнете што се прави и на 38 години. Воопшто нема да биде лесен натпревар против Македонија“ – вели Червар и дополнува:

„Имавме на претходните два натпревари и некои недостатоци во играта. Мора да ги редуцираме изгубените топки, тоа против Македонија не смееме да си го дозволиме. Ќе има и некои измени во играта затоа што очигледно е дека македонската селекција одлично игра „седум на шест“ откако јас го воведов тоа додека бев на селекторската функција. Затоа мора да бидеме внимателни и максимално концентрирани“.

Се вчитува...