Чешка до важна победа на гости кај Украина, Шведска лесно се справи со Романија

Ракометната репрезентација на Чешка стигна до важен триумф на гостувњаето кај Украина од 26-28. во натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. Чесите одиграа добро прво полувреме во кое на пауза заминаа со плус четири 12-16. Во вториот дел успеаја да ја задржат предноста од првите 30 минути за конечен триумф од 26-28.

Најдобар поединец во таборот на Чешка беше Матеј Клица со шест гола, а по пет постигнаа Хрстка, Бечвар и Чип. Кај Украина Хориха заврши со пет гола.

Шведска без проблеми славеше на гостувањето кај Романија со 23-31. Никлас Екберг со седум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Хамет и Асолтанеи завршија со по шест.

 

 

 

Се вчитува...