Ракометарите на Фарските Острови испишаа историја откако вечерва славеа над Чешка со 27-26, прв квалификациски триумф од постоењето на оваа ракометна селекција.
Фарските Острови влегоа во денешниот дуел со скор од 0-4 во својата група, но со максимална ангажираност ја казнија опуштеноста на чешките ракометари. Чесите имаа 11-12 на полувреме, но домашните ракометари успеаја да го свртат резултатот во своја полза. Гостите имаа последен напад за израмнување, но беа досудени чекори, за огромна радост на преполните трибини во арената.
Чешка и покрај вечерашниот пораз останува многу блиску до пласман на ЕП 2022, бидејќи на оваа селекција и е доволно само реми на последниот меч, на домашен терен против Украина, за да се задржи на второто место во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА