Чешмеџиев, по разделбата со Шкендија, продолжува во Вележ

По завршувањето на соработката со Шкендија, поранешниот младински репрезентативец Константин Чешмеџиев својата кариера ја продолжува во прволигашот од БиХ, Вележ.

24-годишниот Чешмеџиев, иако имаше понуда и за продолжување на договорот со Шкендија, се одлучи за интернационална кариера засилувајќи ја одбраната на тимот од Мостар.

Македонскиот дефанзивец кариерата ја почна во Работнички, а има настапувано и за Пелистер, Македонија ЃП и Академија Пандев.

Се вчитува...