Американскaта кошаркарска репрезентација го освои второто место во својата група на ОИ во Токио, откако Американците попладнево славеа над селекцијата на Чешка со убедливи 119-84. Противникот добро парираше во првото полувреме, но потоа беше демолиран во третата четвртина, во која американските кошаркари си го трасираа патот до убедлива победа, како најава за влез во топ-форма токму за нокаут фазата од овие Олимписки игри.
Ветерант Шилд неочекувано беше во главна улога на почетокот од овој натпревар, па по неколкуте негови погодени шутеви Чешка поведе со убедливи 17-7, веднаш потоа и со 19-9. На Американците им требаше нешто повеќе време за да влезат во ритам, но штом почнаа да погодуваат, почна да се топи и предноста на противникот. САД замина на одмор со водство од 47-43, но тоа беше само најава за атомската офанзивна кошарка во второто полувреме. Кевин Дурант постигна тројка со звукот на сирената на крајот на третата четвртина, период што заврши со 35-17, за Американците, а беспрекорното шутерско шоу продолжи и во последните десет минути, во кои репрезентацијата на САД постигна уште 37 поени и славеше со убедливи 119-84.
Тејтум со 27 поени беше прв стрелец во американскиот табор, 23 постигна Дурент, додека кај Чесите најефикасен беше Шилб со 17, пред Балвин со 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА