Четири гола на Лазаров, Нант со тешка победа во ЕХФ Купот

Француски Нант потешко од очекувањата дојде до победата над норвешки Арендал во првиот натпревар од третото квалификациско коло во ЕХФ Купот.

Кире Лазаров иако фаворити ќе треба добро да се намачат за да дојдат до групната фаза на ЕХФ Купот. Нант вечерва пред своите навивачи стигна до пресврт победа од 30-29 (12-15).

Ривера со 6 гола беше најдобар поединец во победничкиот тим а Кире Лазаров мечот го заврши со четири погодоци. На спротивната страна одличен беше Линдел со девет гола.

Реванш натпреварот во Норвешка се игра на 24. ноември.

Се вчитува...