Четири од четири: Евертон растура во Премиер-лигата

Евертон е најпријатното изненадување на стартот од новата премиерлигашка сезона откако тимот на Карло Анчелоти во четвртиот меч ја забележа и четвртата победа, овојпат на домашен терен над Брајтон со 4-2. Домаќините настапија без повредените Гомез и Алан, во првото полувреме се повреди и Ришарлисон, но „карамелите“ сепак прикажаа импресивна игра со која заслужено прокнижија нови бодови на премиерлигашката табела.

Калверт Луин го најави гол-шоуто на „Гудисон Парк“, а гостите успеаја да израмнат преку Маупеј, по катастрофалната грешка на голманот Пикфорд. Се чини клучен момент беше 47. минута од првото полувреме, кога Евертон повторно поведе преку Мина, по центаршутот на Хамес Родригез. Токму Родригез беше најрасположен во вториот дел, кога Колумбиецот со два гола ја запечат победата на својот тим. Конечните 4-2 во 92. минута ги постави Бисума со прекрасен волеј-удар од над 20 метри.

„Карамелите“ веќе во следното коло ги очекува нов огромен предизвик, дуел на „Гудисон Парк“ против шампионот Ливерпул.

Се вчитува...