Четири земји од Јужна Америка со заедничка кандидатура за Мундијалот 2030

Уругвај, Аргентина, Чиле и Парагвај се здружија, и поднесоа заедничка кандидатура за организирање на Мундијалот во 2030 година. Тогаш ќе се одбележи 100-годишнината од првиот Мундијал.

Првото Светско првенство се одржа во Монтевидео во 1930 година, кога Уругвај во финалето ја совлада Аргентина со 4-2.

Четирите јужноамерикански држави планираат да бидат домаќини на Мундијалот 2030 на 14 стадиони со учество на 48 репрезентации.

„Ова не е владин проект, ова е сон на целиот наш континент. Се наоѓаме на култното место од каде сè започна. Ќе има уште многу светски првенства, но 100-годишнината ќе се слави само еднаш, изјави претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ.

Освен оваа кандидатура, има поднесено и заедничка од Романија, Грција, Бугарија и Романија, како и од Шпанија-Португалија.

Се вчитува...