Манчестер Јунајтед полека се враќа на претпознатливиот пат. Тешката задача му припадна на Ерик тен Хаг, а холандскиот стратег полека ја склопува сложувалката за тимот кој треба да ја донесе 21 титула во Премиерлигата.
Од „Олд Трафорд“ престојното лето се очекуваат нови засилувања и заминувања, но со сигурност тоа нема да бидат Маркус Рашфорд, Лук Шо, Фред и Диого Далот кои потпишаа нов договор до крајот на 2023 година со опција за продолжување на соработката и во следната сезона. Договорите на четирите фудбалери истекуваа летово, но Јунајтед ја искористи клаузулата за автоматско продолжување, за да спречи тие да го напуштат „Олд Трафорд“ без никаква отштета.
„Среќни сме бидејќи тимот оди во вистинска насока, а овие играчи имаа голем придонес во тоа. Сакаме да ги развиваме и да продолжиме со нив со цел да го исполниме целиот процес. Составуваме тим за иднината, на долга стаза, а овие играчи мораат да бидат дел од тој тим“, изјави Тен Хаг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА