Четврта среќа: Шалке со анонимен Грк ќе ја спасува сезоната

Шалке игра сезона за заборав, по 23 одиграни натпревари клубот од Гелзекирхен има само една победа, со само девет освоени бода, девет помалку од 15. место на табелата. На „сино-белите“ не им помагаат ниту финансиските проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирус, а невозможната мисија за опстанок во Бундеслигата сега ќе ја добие Димитрос Грамозис.

42-годишниот Грк е анонимус во фудбалскиот свет, а најголемото достигнување му беше петто место во Втората германска лига. Претходно неговиот ангажман беше во Бохум, а има работено и како помошен и главен тренер во разни селекции и младински категории.

Грамозис ќе ја наследи клупата на Шалке од Кристијан Грос, а пред него на „жешкото столче“ седеа и Давид Вагнер и Мануел Баум. „Четвртата среќа“ на тимот потпиша договор до крајот на сезоната, но германските медиуми веруваат дека со оглед на финансиските проблеми, ќе го предводи клубот и во следната сезона во втората германска лига.

Се вчитува...