Првиот македонски селектор Андон Дончевски денеска ги посети македонските репрезентативци на тренингот на комплексот на ФФМ во пресрет на натпреварите од Лигата на нациите.
Чичко Дончо сакаше да даде поддршка за репрезентативците кои преку Лигата на нациите имаат повеќе од одлична можност да запишат историски пласман на Европско првенство.
„Ова се навистина одлични момци… Ги гледам како играат, и гледам дека се на добар пат да и донесат историја на Македонија. Симнувам капа за овие фудбалери“ – рече чичко Дончо.
Македонија против Лихтештајн игра на „Филип Втори“ токму на 13. октомври, на денот кога во 1993 година Крањ во Словенија го одигравме првиот репрезентативен натпревар под палката на Андон Дончевски и славевме со 1-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА