Чихан Арслан нов тренер на Шкупи

Откако се раздели со Гоце Седлоски, Шкупи го ангажираше турскиот тренер Чихан Арслан за нов шеф на стручниот штаб. Станува збор за треенр кој има големо искуство во турски клубови, а беше и во БИХ во тимот на Челик Зеница.

Арслан во својата кариера ги водеше Кочаелиспор, Болуспор, Гестепе, Башакшехир, Беледиеспор, Аданаспор, Маниса, Баликесирспор, Касимпаша, а во 2022 година последниот ангажман му беше во Малатијаспор.

Арслан веќе го одржа и првиот тренинг на екипата денеска и имаше можност да се запознае со средината и со играчите. Со него доажа и Февзи Лајиќ, кој ќе биде дел од стручниот штаб на Арслан.

Се вчитува...