Чикаго го доби „џек-потот“ – Вучевиќ стана „бик“

Чикаго булс е тимот што го доведе најголемото засилување пред истекот на преодниот рок за трансфери во НБА-лигата откако „биковите“ успеаја да постигнат договор со Орландо за ангажман на најдобриот кошаркар на „магичните“, Црногорецот Никола Вучевиќ.

Одличниот центар важи за еден од најдобрите кошаркари на својата позиција во НБА, за неговите услуги се интересираа бројни клубови, но челниците на Чикаго успеаја да ги договорат условите од размната со Орландо. „Биковите“ покрај Вучевиќ го добија и Ал Фарук Амину, за нив испраќајќи ги во Орландо Вендер Картер и Ото Портер, како и два пика од првата рунда на драфтовите во наредните две години.

Американските медиуми најавуваат дека Чикаго е сериозно заинтересиран и за Лонзо Бол, па интересно ќе биде да се види дали „биковите“ ќе успеат да обезбедат уште едно големо засилување пред клучниот дел од сезоната.

Се вчитува...