Чикаго немаше решение за Јанис – Милвоки на победа до пласман во четвртфиналето на НБА

Актуелниот шампион Милвоки една победа во серијата со Чикаго го дели од пласман во следната фаза од разигрувањето откако денеска Бакс славеа на гостувањето во Илиноис со 95-119.

Клучната предност гостите ја направија во втората четвртина која ја добија со 19-31 за двоцифрена предност на полувремето, а продолжи во ист стил и до крајот на мечот притоа зголемувајќи ја позитивата за убедлива победа.

Јанис Адетокумпо беше енигма за домаќините со 32 поени, 17 скока и 7 асистенции, додека него го следеше Ален со 27 поени. Зек Лавин беше лидер на домаќините со 24 поени, 13 асистенции и 5 скока, а Демар Дерозан додаде 23 поени и 5 скока.

Се вчитува...