Чилиќ, Хуркаш и Циципас без проблеми во 1/8 финалето на Ролан Гарос

Марин Чилиќ, Хуберт Хуркаш и Стефанос Циципас се пласираа во 1/8 финалето на Ролан Гарос, откако без проблеми и со 3-0 ги совладаа своите противници.

Чилиќ во три сета го совлада Симон, кој му дозволи само пет гема во вториот и третиот сет. Хуркаш, пак, беше поуспешен од Гофин, додека Циципас немаше проблеми со шведскиот тенисер Имер.

Во женска конкуренција, во следната фаза оди Женг откако Корне го предаде мечот при 1-0 за кинеската тенисерка. Во следната фаза се пласираше и Пегула и Кудерметова.

Се вчитува...