Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ синоќа направи големо изненадување на Ролан Гарос, успевајќи да го елиминира Данил Медведев од осминафиналето со 3-0 во сетови (6-1, 6-3, 6-2). Чилиќ упати комплименти до Медведев, кој немаше решение за хрватскиот тенисер, а исто така успеа да му го спаси првото место на Новак Ѓоковиќ на АТП-листата.
Хрватот по дуелот со Медведев се пошегува дека од Ѓоковиќ не бара многу за возврат, туку една пијачка поради тоа што му помогна да остане на тронот.
„Треба да ме почести едно кафе или пиво“, се пошегува Чилиќ.
Чилиќ во следното коло игра против Андреј Рубљев, додека Ѓоковиќ вечерва игра против Рафаел Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА