Чилвел во главна улога: Моќно второ полувреме на Челси

Челси по два меча пауза конечно се врати на победнички патеки, триумфирајќи со убедливи 4-0 на натпреварот против Кристал Палас. Избраниците на Френк Лампард повторно во првото полувреме беа под посакуваното ниво, но доволно за триумф им беше извонредното премиерлигашко деби на Бен Чилвел во дресот на „сините“.

По здодевното прво полувреме, токму Чилвел го отвори резултатот, силно шутирајќи од пет-шест метри во мрежата по несмасната интервенција на Сакхо. Палас беше принуден да ја отвори својата игра, а Челси го искористи тоа за да постигне и втор гол, Чилвел овојпат ја имаше улогата на асистент, а стрелец беше Курт Зума со прецизен удар со глава.

Третиот гол беше дело на Жоргињо, кој од пенал рутински го совлада гостинскиот голман откако Абрахам беше соборен во противничкиот шеснаесетник. И четвтиот погодок беше постигнат од пенал, повторно стрелец беше Жоргињо.

Се вчитува...