Чинари ја спаси Шкендија со Валмиера, Силекс со „реми“ против Согдијана

Денеска две наши екипи одиграа пријателски натпревари на подготовките во Анталија, и двата тима Шкендија и Силекс одиграа нерешено.

Шкендија „ремизираше“ 2-2 против Валмиера од Летонија. Откако губеше по првиот дел со 0-2, тетовци во вториот дел се спасија од пораз благодарение на двата гола на Чинари во 48. и во 66. минута.

Силекс, пак, одигра нерешено 1:1 против Согдијана. По првиот дел противникот водеше со гол во 25. минута, а во вториот дел новото засилување Александар Катаниќ го израмни резултатот.

Се вчитува...