Чиро Имобиле го шокираше Јувентус, Дибала промаши пенал за реми

Лацио по цели 14 години успеа да го победи Јувентус со 1-2 во Торино, и тоа со пресврт во второто полувреме. Чиро Имобиле со два гола беше творец на триумфот на „лацијалите“, а секако и голманот Томас Стракоша, кој во последната минута од судиското продолжение го одбрани пеналот на Пауло Дибала. Тоа е втор нереализиран пенал во низа за Дибала.

Првото полувреме не навестуваше ваков развој на настаните. Даглас Коста во 24.минута го доведе Јувентус во водство. Но, вториот дел им припадна на „лацијалите“.

Во 47.минута Чиро Имобиле го израмни резултатот, а седум минути подоцна од пенал и направи целосен пресврт.

Во завршницата беше неверојатно драматично. Јувентус притисна да стигне до реми, беше досуден пенал со помош на ВАР технологијата, но Дибала не успеа да го искористи.

Се вчитува...