Фудбалерите на Пелистер вечерва од 20:45 часот против полскиот Лех во Познањ ги очекува првиот натпревар од пресметката во првото квалификациско коло за Лигата на Европа.
Враќањето на битолчани на европската сцена, по повеќе години пауза, сигурно нема да мине и без најверната навивачка група на клубот, „Чкембарите“. „Пелистерци“ и во Познањ ќе имаат поддршка од група од околу 50 навивачи кои се на пат за Полска.
Желбата е „зелените“ да извлечат поволен резултат од гостувањето во Познањ како потоа би останале амбициите на реваншот на стадионот „Младост“ во Струмица за пласман и во втората рунда натпревари од квалификациите за ЛЕ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА