Членови на ИО на АФМ бараат разрешување на селекторот Вучков

Нови бранувања во македонската атлетика и повторно поврзани со реакција на домашните атлетски работници со актуелниот селектор на репрезентацијата Ѓорѓи Вучков.

По само неколку месеци откако е избран за член на Извршниот одбор на Атлетската федерација на Македонија, Игор Јакимовски, тренер во АК Делта и тренер на најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски, најавува заминување од Извршниот одбор доколку не биде разрешен селекторот Вучков.

„Мојата работа во ИО на АФМ ќе продолжи, односно ќе заврши, во зависност од одлуката на раководството на АФМ дали овој ‘селектор’ ќе остане или ќе ја напушти оваа функција“ – вели Јакимовски, кој притоа во својата анализа искажува незадоволство од односот на Вучков кон македонските репрезентативци и пред се Дарио Ивановски.

Јакимовски е само уште еден кој искажува незадоволство од работата на актуелниот атлетски селектор. Претходно голем број клубови покренаа и иницијатива за промени во Атлетската федерација на Македонија.

Се вчитува...