Човечката големина на дело: Гонзало го „поништи“ црвениот картон на Швеѓанецот Ване (видео)

Шпанија ремизираше со Шведска во дербито на групата од првата фаза од СП 2025, но овој меч ќе остане запаметен по фантастичниот ферплеј потег н Гонзало Перез де Варгас, кој го спаси од црвен картон противничкиот ракометар Хампус Ване.

Швеѓанецот изведуваше пенал што Гонзало го одбрани, но топката удри во неговата глава и судијата побрза да покаже црвен картон. Сепак, шпанскиот голман брзо реагираше и објасни дека најпрвин одбранил со рака, по што топката му се одбила во главата, па судијата ја промени одлуката и Ване остана на теренот.

Она што е интересно, резултатот во тој момент беше 14-20 за Шведска, а токму по големиот ферплеј потег на голманот Де Варгас следеше фантастичната серија и камбек на „црвената фурија“.

Се вчитува...