Човекот кој го направи пеналот на ПСЖ минува низ вистински пекол: „Посакуваат смрт на мојата неродена ќерка“

Барселона и покрај предноста која ја имаше по првиот меч со ПСЖ од 2-3 во Париз, на реваншот во Барселона загуби со 1-4, и така испадна од 1/4 финалето во Лигата на шампионите.

Еден од оние кои влијаеше на поразот беше и Жоао Кансело, кој направи пенал за ПСЖ, а потоа се случи целосен потоп на каталонскиот тим за збогување од Лигата на шампионите.

Токму Кансело кажа дека минува низ вистински пекол, откако навивачи му се закнуваат и му упатуваат навредливи коментари, а во некои од нив посакуваат смрт на неговата неродена ќерка.

„Колку е болно ова општество во кое живееме денеска покажува тоа дека бројни лица на објавите на социјалните мрежи кажаа дека сакаат смрт на мојата неродена ќерка и мојата сопруга, и тоа поради еден обичен фудбалски натпревар. Тие никогаш не би смееле да ми го кажат тоа во лице, затоа што се кукавици и знаат што би им се случило, и затоа се кријат зад социјалните мрежи. Поради тоа тие пишуваат навредливи коментари за моето неродено дете, мојата сопруга, мојата ќерка“, рече Кансело.

Се вчитува...