Човекот што го измисли „фраерскиот пенал“: Паненка заболе од Covid-19, приклучен на респиратор се бори за живот

Легендарниот фудбалер на поранешна Чехословачка, Антонин Паненка, се бори за живот откако заболе од коронавирус. Тој е во болница во Прага и приклучен е на респиратор. Има сериозни здравствени проблеми со белите дробови и тешки симптоми на Covid-19.

71-годишниот Паненка го „измисли“ изведувањето на пенал со поткопување на топката која полека оди кон средината на голот, додека голманот веќе е исфрлен од игра. Ова првпат го изведе во финалето на ЕВРО 1976 година против Германија. Чехословачка по подобро изведување пенали (5-3) стана европски првак.

Се вчитува...