Хари Мегваер веќе неколку години е тема на потсмев меѓу фановите на Премиер-лигата ширум светот, но искусниот дефанзивец конечно ги дочека своите пет минути во дресот на Манчестер Јунајтед.
Тој доби шанса од Тен Хаг по неколкуте повреди на стандардните дефанзивци, но Мегваер максимално ја искористи оваа ситуација, се наметна како лидер на одбраната на „црвените ѓаволи“, за што воедно беше избран и за најдобар фудбалер во Премиер-лигата за месец ноември.
„Црвените ѓаволи“ се надеваат дека тој ќе продолжи во ист стил и во наредниот период, додека ривалите „сеирџиски“ чекаат кога тој повторно ќе влезе во серија „киксови“ по кои беше препознатлив во последните неколку сезони.
FROM GRASS TO GRACE.
Harry Maguire has been named premier league player of the month.
The Manchester united defender is finally proving his worth . The England centre back is carrying Manchester united defense on his back. pic.twitter.com/b5jRDPY30H
— Tboy Paul oluwole (@tboy_paul) December 6, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА