Чуден трансфер или шега? Отпишаното „чудо од дете“ од Реал и дефинитивно оди во Манчестер сити!?

Иако Пеп Гвардиола, по синоќешниот пораз на Манчестер сити, истакна дека нема да има никакви зимски засилување веднаш стигна демант. Или не!?

Реал Сосиедад на официјалната страница соопшти дека Мартин Одегард оди на позајмица во Манчестер сити до крајот на сезоната.

Интересно е дека Одегард летово беше позајмен на Реал Сосиедад од Реал Мадрид, но „кралевите“ сега го праќаат на нова позајмица. Сепак, прашање е дали овој трансфер е точна вест затоа што денеска е шпанската верзија на 1. април, па не би било неверојатно и да се работи за шега.

Сепак, официјалното соопштение на страницата на Реал Сосиедад и натаму стои како такво…

 

Се вчитува...