Чудесен пресврт: Никогаш не го отпишувајте Ливерпул

Ливерпул со фантастичен пресврт успеа да стигне до триумф над Астон Вила и да триумфира со 1-2 во меч во кој до 87. минута избраниците на Јирген Клоп имаа негатива од 1-0.

Тогаш на сцена стапи Садио Мане, кој најпрвин асистираше до Робертсон за израмнувачкиот погодок, пред Сенегалецот самиот да го постигне голот за победа, со глава по корнерот на Александер Арнолд во 94. минута.

Со пресврт до три бода стигна и Манчестер Сити, кој се врати од негатива на домашен терен против Саутемптон (2-1). Агуеро и Вокер беа творци на победата на „граѓаните“, кои со шест бода негатива ќе допатуваат на дербито во Ливерпул следниот викенд.

Резултати Англија:

Брајтон – Норвич 2-0, Манчестер сити – Саутемптон 2-1, Астон Вила – Ливерпул 1-2, Арсенал – Вулверхемптон 1-1, Вест хем – Њукасл 2-3, Шефилд – Барнли 3-0.

Се вчитува...