Чудесен пресврт во женското финале на ЛШ: Барселона од негатива од 0-2 до европска титула

Фудбалерките на Барселона се освојувачи на пехарот во женската Лига на шампионите, откако ја совладаа екипата на Волфсбург со 3-2, после неверојатен пресврт во вториот дел. Германскиот тим имаше предност од два разлика по 37 минути игра, меѓутоа во вториот дел за само 22 минути „Каталонките“ направија пресврт и се закитија со пехарот.

Пајор во 3. минута  донесе преднот за Германките, а Поп во 37. минута ја зголеми. Патрициа Гуихаро со два гола за само две минути, успеа да израмни во 48. и во 50. минута.

Во 70. минута Ролфо донесе целосен пресврт, носејќи европска титула за Барселона.

Се вчитува...