Елејн Томпсон Хера е хероината на денешниот ден од атлетската програма во Токио, откако суперѕвездата од Јамајка триумфираше на трката на 100 метри во женска конкуренција.
Таа доминираше во однос на конкуренцијата и заслужено го одбрани златото од пред пет години во Рио, остварувајќи нов олимписки рекорд од 10,61 секунди. Воедно, ова е второ најдобро време во историјата на оваа атлетска дисциплина во женска конкуренција. Второто место и припадна на Фрејзер – Прајс, додека бронзениот медал заврши на градите на Шерика Џексон, за апсолутна доминација на Јамајка на победничкиот пиедестал во оваа дисциплина.
Интересна беше и штафетата на 4х400 метри во мешана конкуреција, во која Полска стигна до златен медал, притоа поставувајќи и нов олимписки рекорд. Сребрен медал освои штафетата на Доминиканската Република, додека како третопласирани ова финале го завршија атлетичарите и атлетичарките од САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА