Чудесниот голман на Курасао e српски зет, нов рекордер на СП

Елој Рум е новото име испишано меѓу рекордерите на фудбалските мундијали, име до пред неколку часа непознато за фановите ширум светот кое сепак сосема заслужено се најде меѓу легендите – со неповторливата партија на голот на Курасао на дуелот со Еквадор.

Самоо неколку дена откако прими седум гола од Германија, Рум блесна на голот на Курасао, носејќи драгоцен бод на својата селекција, воедно и поставувајќи неверојатен рекорд.

Тој имаше дури 15 успешни интервенции, апсолутен рекорд за мундијалски натпревари во кои не биле играни продолженија, за место во историјата на светските првенства.

Она што е интересно, Рум е српски зет, ако се знае дека голманот кој брани за американскиот второлигаш Мајами ФЦ веќе неколку години е во брак со Зорана Јовановиќ, српска инфлуенсерка што живее и работи во САД.

Се вчитува...