Чудна ситуација: Барса и Реал ќе делат ист хотел пред „Ел Класико“

Барселона и Реал Мадрид ќе водат „војна“ на теренот на „Камп ноу“, но вечните ривали неколку часа претходно ќе делат хотел во непосредна близина на каталонскиот храм на фудбалот.

Оваа невообичаена ситуација е последица од најавените протести на неколку локации во Барселона, поради што домашниот тренер Ернесто Валверде инсистираше да биде променет хотелот за одмор пред мечот, избирајќи го „Принцеза Софија“ како идеална локација поради фактот дека е оддалечен само 500 метри од „Камп ноу“. Проблем е што уште пред извесно време Реал Мадрид од истите причини го закупил истиот хотел, па фудбалерите на двата тима ќе бидат во непосредна близина едни до други со часови во пресрет на големото дерби.

„Дербито може да започне и неколку часа порано, доколку играчите налетаат едни на други во фоајето“ – низ шега најавуваат шпанските медиуми.

Се вчитува...