Чудна ситуација на АФКОН: Голманот на Судан се урна на теренот, докторите му дозволија да го продолжи мечот

Голманот на репрезентацијата на Судан, Монгед Елнил, многу ги загрижи навивачите за време на натпреварот од Африканскиот куп на нации против Екваторска Гвинеја. По првото полувреме двете репрезентации играат без голови 0-0, а голманот на Судан го одбележа овој дел од натпреварот.

На почетокот на мечот, Елнил необјасниво ја изгуби контролата и падна на тревникот. Можеби само моментално беше зашеметен или во несвест, во секој случај не изгледаше убаво.

Му беше укажана помош неколку минути и се чинеше дека сигурно ќе ја напушти играта, но на крајот лекарите проценија дека е подготвен да го продолжи натпреварот. Останува да се види колку била паметна одлука.

Се вчитува...