Чудни сцени во Гелзенкирхен: Тер Штеген спречуваше активисти да се врзат за стативите (ВИДЕО)

Германија како домаќин на идното Европско првенство, не игра квалификации, па ги користи овие мигови да игра пријателски средби. Вечерва во Гелзенкирхен ја нагости селекцијата на Колумбија.

По првите 30 минути немаше голови, а потоа забележена несекојдневна ситуација. Неколку активисти за еколошка свест втрчаа на терен и сакаа да се врзат за стативите со лисици, меѓутоа тоа не го дозволи голманот на Германија, Марк-Андре Тер Штеген.

Освен голманот на Барселона, веднаш реагираа и редарите кои спречија двете лица да се врзат за диреците.

Се вчитува...