Лавовското срце донесе мундијалски билет (фотогалерија)

Ракометната репрезентација на Македонија повеќе од една деценија е редовен учесник на сите европски и светски шампионати, серија што продолжува и следниот јануари со настапот на СП 2025.

Овој настап ќе биде еден од најслатките, ако се земе во предвид сериозноста на предизвикот во баражот и оние „минус седум“ од Торшавн. Сепак, на мака се познаваат јунаците, а нашите ракометари се покажаа како вистински јунаци, одиграа маестрално кога беше најтешко и стигнаа до уште еден мундијалски билет, седми во низа почнувајќи од она СП во Шпанија во 2013 година.

Едно е сигурно, оваа репрезентација расте од натпревар во натпревар, а со прикажаното вечерва покажа дека може да носи уште поголеми радости на цела Македонија во периодот што следи.

Се вчитува...