Арсенал само ремизираше (1-1) со Брајтон пред своите навивачи во 3. коло од Премиерлигата, во натпревар кој во голема мера го одлучи исклучувањето на Деклан Рајс на почетокот од второто полувреме.
„Топчиите“ поведоа со голот на Хаверц во 38. минута од средбата.
На стартот од вториот дел, во 49. минута Деклан Рајс заработи втор жолт картон поради попречување на противнички фудбалер, и се чини заработи престрого исклучување кое го одлучи потоа мечот.
Сето тоа го искристија гостите кои во 58. минута преку Жоао Педро дојдоа до 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА