Чудо невидено во Англија: Требаше да победат со 7-0, и успеаја во тоа…

Фудбалерите на Бристол Роверс на неверојатен начин успеаја да влезат од англиската Лига 2 во Лига 1, откако во последното коло славеа над Сканторп со убедливи 7-0, токму онаква победа каква што им беше неопходна за да излезат како победници од трката за третото место со Нортемптон.

Имено, Нортемптон имаше за пет гола подобра гол-разлика од Бристол во пресрет на ова последно коло, а на полувреме Нортемптон водеше со 3-1, а Бристол со 2-0 на својот меч. Ова практично значеше дека фудбалерите на Бристол Роверс мораат во второто полувреме дададат пет гола, а Нортемптон на својот меч да не ја зголеми позитивата, што колку и да звучеше неверојатно, на крајот се оствари, Бристол славеше со 7-0 икако третопласиран на табелата обезбеди промоција во Лига 1.

 

Се вчитува...