Чудо од 13 години доминира во базенот меѓу сениорите (ВИДЕО)

Кинеската пливачка сензација Ју Зиди, која има само 13 години, го освои својот трет златен медал на Азиските игри 2026.

Младата Кинескa беше најдобра во трката на 400 метри мешано, која ја исплива за 4:28,56 минути.

Ју Зиди со тоа уште еднаш покажа дека ја очекува одлична кариера, бидејќи се доближи до светскиот рекорд на Канаѓанката Самер Мекинтош за помалку од пет секунди. Светскиот рекорд моментално изнесува 4:23,65.

Зиди претходно го освои златото на 200 метри пеперутка и 200 метри индивидуално мешано, а нејзините резултати во двете дисциплини ја доближија и до светските рекорди што ги држи Мекинтош.

Пред две години, Канаѓанката освои злато во сите три дисциплини на Олимписките игри во Париз, а таа држи и светски рекорди во нив.

Сè укажува дека одличниот дуел помеѓу Ју Зиди и Самер Мекинтош би можел да биде една од поинтересните приказни за светското пливање во наредните години.

Нивниот нов судир се очекува на Светското првенство следната година во Будимпешта, а потоа и на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Се вчитува...