Чудо во Џенова – Сите фудбалери на Сампдорија се негативни на коронавирус

Убави вести доаѓаат од Италија. Сампдорија соопшти дека четворицата фудбалери кои беа позитивни на коронавирус ја победиле болеста.

Иако пред само седум дена нивните тестови беа позитивни, дополнителните испитувања утврдија дека ниту еден од нив не е заразен од Covid-19. Овие убави вести значат дека тимот од Џенова ќе може на време да почне со подготовките за продолжување на сезоната.

Од Серија А во средата објавија дека шампионатот ќе продолжи на 13. јуни, додека на клубовите ќе им биде дозволено да почнат со тренинзи од 18. мај.

Се вчитува...