Чудо во Германија – победа на Шалке

Шалке триумфираше над Аугсбург со 1-0, со што тимот од Гелзенкирхен ја забележа само втората победа во Бундес-лигата оваа сезона. Првата победа „сино-белите“ ја забележаа на 9 јануари против Хофенхајм, а три месеци подоцна се израдуваа на нов триумф, овојпат против составот на Аугсбург.

Сердар беше стрелец на единствениот погодок во четврртата минута, обезбедувајќи минимална предност што Шалке успеа да ја задржи до самиот крај.

Веќе е јасно дека овој тим ќе испадне од германската елита, а останува Шалке да се обиде да стигне до трет триумф и да избегне израмнување на неславниот рекорд на Тасманија (1965/66) и на Вуперталер (1974/75), кои забележаа само по две победи во бундеслигашката сезона.

Се вчитува...