Чудо во Индија – цела репрезентација во „апс“!

Репрезентацијата на Индија во стрелаштво се најде во бизарна ситуација на аеродромот во Њу Делхи. Царинската служба на аеродромот од „безбедносни причини“ ја уапсила „групата“која се обидувала да влезе во Индија со оружје! Целата репрезентација завршила во затвор, а опремата им била одземена.

Поминале 12 часа додека се објасниле кои се и зошто го носат оружјето. Репрезентативците во стрелаштво се враќале од настап во странство и логично, со себе го носеле своето оружје со кое настапувале, но безбедносните служби се збуниле во акцијата, а необичниот настан брзо стана атракција низ светските медиуми.

Неверојатно е дека ова може да се случи. Се однесуваа со нас како да сме криминалци, а згора на се, поради оваа забуна ние го изгубивме цел ден и пропуштивме многу важен тренинг пред Светскиот куп“ – изјави еден од репрезентативците.

Се вчитува...