Чудо во Швајцарија: Серхио Рамос промаши пенал

На серијата од 25 реализирани пенали на Серхио Рамос вечерва и дојде крајот откако капитенот на Шпанија не реализираше удар од белата точка на гостувањето против Швајцарија.

Шпанците добија идеална можност да стигнат до израмнување, но Сомер одлично реагираше, го прочита Рамос и успеа да го запре неговиот пенал.

Последниот промашен пенал на Рамос во репрезентативниот дрес беше уште на ЕП 2016, кога неговиот удар од единаесет метри беше одбранет од хрватскиот голмн Даниел Субашиќ.

Се вчитува...