Чупиќ не успеа да го спречи првиот пораз на Вардар во СЕХА

Иван Чупуќ пропушти шанса од пенал да му овозможи реми на Вардар на гостувањето кај Мотор Запорожје во дуелот од вторто коло во групата А во СЕХА лигата. Хрватот не погоди од седум метри во ситуација кога Мешков водеше со 32-31. Претходно Барис Пукховски го постигна голот кој значеше победа за домашниот состав.

Првиот пораз сезонава, Вардар можеше да го избегне бидејќи направи притисок и имаше моност за пресврт во завршните минути од средбата.  Мотор инаку беше постојано во предност, имаше два позитива на полувремето, а највисоки плус четири во текот на вториот дел.

Дибиров со шест гола бее прв стрелец кај Вардар, по пет постигнаа Криштопанс и Атман. Голманот Кугис имаше одлично издание во првото полувреме во кое забележа девет одбрани.

Мотор Запорожје со шест бода по две кола е лидер на табелата во воаа конкуренција, Вардар е на второто место со трите бода од победата над Пекинг во стартното коло.

Следен предизвик за Вардар е почетното коло од Лигата на шампионите, гостувањет кај Монпелје.

Се вчитува...