Чупиќ: Повредена ни е гордоста со двата домашни порази….

Двократниот европски шампион Вардар во среда ќе го пречека Мелсунген во последниот натпревар сезонава за скопскиот клуб во Лигата на шампионите. За жал вардарци веќе немаат шанси за пласман во следната фаза во елитата, но убедливата победа на гостувањето кај Нант донесе позитивна атмосфера во таборот на „црвено-црните“.

Тренерот на македонскиот шампион, Иван Чупиќ на денешната прес-конференција го најави натпреварот против бундеслигашот…

„Не чека за жал последниот натпревар во Лигата на шампионите. Мелсунген ќе дојде во Скопје да обезбеди пласман во главната фаза. По два порази дома годинава гордоста ни е повредена и на нас и на навивачите и токму тие заслужуваат со победа да ја завршиме лигата на шампиони со победа сезонава“, изјави Чупиќ. 

Се вчитува...