Чупиќ за системот на ЕХФ: Кажете ми во кој друг спорт се игра Европа пет недели

Двократниот европски шампион Вардар во среда ќе го пречека Мелсунген во последниот натпревар сезонава за скопскиот клуб во Лигата на шампионите. За жал вардарци веќе немаат шанси за пласман во следната фаза во елитата, но убедливата победа на гостувањето кај Нант донесе позитивна атмосфера во таборот на „црвено-црните“.

Тренерот на македонскиот шампион, Иван Чупиќ на денешната прес-конференција говореше и за новиот систем на ЕХФ…

“Кажете ми во кој друг спорт се игра Европа пет недели. ЕХФ секогаш кога нешто прават ново го избираат лошото такви се. Но, тие си знаат. Еве ние ќе одиграме шест меча само. Не само ние и Е. Пелистер ако не помине исто само шест меча. Не ми се допаѓа тоа”, изјави Чупиќ. 

Се вчитува...