Чупо-Мотинг „раскинува“ со Баерн – сака постојано да биде стартер

Ерик Максим Чупо-Мотинг, „златната резерва“ кој две години блеска во Лигата на Шампионите, прво во дресот на ПСЖ, а оваа сезона и во редовите на Баерн Минхен, на крајот на сезоната ќе го напушти германскиот состав во потрага по тим каде ќе добие шанса на теренот од првата минута.

Камерунскиот напаѓач оваа сезона одигра 28 натпревари за баварците на кои забележа седум погодоци, од кои два против својот поранешен клуб, ПСЖ во четвртфиналните дуели од Лигата на Шампионите со што умешно ја искористи шансата по повредата на Роберт Левандовски.

Германскиот состав сака да го задржи напаѓачот во своите редови покрај Полјакот, но 32-годишникот има други желби. Интересен факт за репрезентативецот на Камерун е тоа што досега за неговите услугите никогаш не е платена обесштета, а најверојатно тоа нема да се случи ни ова лето со оглед на тоа што може да го напушти Минхен како слободен играч.

Се вчитува...