Чурлевски: Чувството е феноменално – да се биде стрелец за Македонија на СП

ЕКИПА во Минхен,

Стеван Цаневски

Филип Чурлевски одигра неполна минута во првото полувреме против Бахреин, но затоа доби шанса во вториот дел во кој бекот на Работник одигра квалитетно, постигнувајќи еден погодок во денешната победа.

„Селекторот ми соопшти дека во второто полувреме ќе добијам поголема улога, морам да признаам дека имаше и мала трема, но верувам дека воглавно ги исполнив задачите што ми ги даде. Ова сепак ми е прв настап, го постигнав и првиот гол – чувството да се даде гол за Македонија на меч од СП е феноменално. Задоволен сум од минутажата, но секогаш се може подобро, се надевам дека на идните натпревари уште повеќе ќе ја оправдам улогата на стручниот штаб. Ни останува да работиме напорно и да ги слушаме советите од селекторот, кои ни се од голема помош. Пред нас се три тешки средби, но ние нема да се предадеме против никого, ќе влеземе без страв и ќе се бориме за победата на сите натпревари“ – истакна Чурлевски.

Се вчитува...