Чурлинов игра во извонредна форма за Келн: 11 гола на 12 меча!

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов игра во извонредна форма во јуниорскиот тим на Келн во младинската Бундеслига – Запад.

Во 12 натпревари сезонава за јуниорите на Келн (до 19 години), Чурлинов веќе го постигна и својот 11-ти погодок. Во денешното коло Келн ремизираше (3-3) на гостувањето против Баер Леверкузен а македонскиот офанзивец погоди од пенал за својот тим.

Дарко Чурлинов треба да биде и еден од носителите на нашата млада репрезентација во следниот квалификациски циклус за пласман на ЕП.

Се вчитува...